Европскиот шампион Ливерпул е голем фаворит за потпишување на Џејдон Санчо, тврди англискиот фудбалски стручњак Иан Ајџ Фјортофт.
Поранешниот норвешки репрезентативец има информации дека шансите за потпишување на Санчо со „црвените“ веќе се големи.
Англискиот интернационалец го напушти Манчестер Сити во летото 2017 година и е втора сезона со Борусија Дортмунд, но е во лош однос со раководството и тренерот Лусиен Фавре, поради проблеми со дисциплината.
Договорот на младиот фудбалер е до 2022 година, а останува нејасно дали Ливерпул во евентуалниот трансфер ќе вклучи и трампа со некој фудбалер од својот тим.

