Новиот тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека клубот нема да го купува играчот од средниот ред на Спортинг, Бруно Фернандеш .
25-годишниот Португалец го привлече вниманието на раководството на Тотенхем во летниот преоден рок, кога се дозна дека играчот од средниот ред Кристијан Ериксен сака да го напушти тимот.
„Со сигурност можам да кажам дека нема да го купиме Фернандеш, бидејќи тој е играч на ниво и вредност што не можеме да си ги дозволиме. Тотенхем не е клуб што ќе направи скапи трансфери и ќе купува играчи кои веќе достигнале одредено ниво во кариерата. За нас тоа е економски непрофитабилно. Ние не сме клуб на тоа ниво, ние сме различен клуб“, – изјави Мурињо за „Скај Спорт“.

