Дефанзивниот фудбалер на Евертон, Лук Дин, кој има договор до 2023 година, ќе добие предлог да ја продолжи соработката и по тој период, објавија денеска медиумите во Англија.
26-годишниот Французин кој е еден од ретките стандардни фудбалери во редовите на така наречените – „карамели“ , дефинитивно влегува во долгорочните планови на тренерот Марко Силва.
Ќе потсетиме дека Лук во 2018 година ја напушти Барселона за 20 милиони евра и се пресели на -„Гудисон парк“. Неговата сегашна трансферна вредност се проценува на околу 90 милиони.

