Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар нема да му помогне на тимот во наредните натпревари поради повреда, пренесува весникот „АС“.
Медицинскиот преглед открил дека Белгиецот имал повреда која ја доби на средбата во групната фаза од Лигата на шампионите со ПСЖ (2: 2). Заздравувањето на Еден Азар ќе трае четири до шест недели. Токму поради тоа, тој сигурно нема да игра во шампионатот на Шпанија со Еспањол, Валенсија, Атлетик Билбао и Хетафе, како и со Барселона.
Да го пропушти следното „Ел Класико“ големи шанси има и дефанзивецот Марсело. Бразилецот беше надвор од тимот три недели, а во прашање е неговото учество на средбата со Барселона.
Натпреварот Барселона – Реал ќе се одигра на 18 декември на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона и ќе започне во 21:00 часот.

