Раководството на Манчестер Сити е заинтересирано да склучи договор со напаѓачот на каталонскиот гигант Барселона, Осман Дембеле.
Шпанските медиуми пренесуваат дека дел од раководството на Манчестер Сити имале средба со претставници на 22-годишниот Французин. Претходно имаше информација дека ПСЖ и лондонскиот Челзи исто така се заинтересирани за Дембеле. Вредноста на трансферот се проценува на 100 милиони евра.
Осман Дембеле се пресели во Барселона од Дортмунд Борусија во летото 2017 година за 125 милиони евра.Сегашниот договор на играчот со Барселона е до 30 јуни 2022 година. Оваа сезона Дембеле постигна 1 гол на 9 средби од сите натпреварувања на клупско ниво.

