Англиските медиуми најавија дека Дејвид Мојс ќе се врати на кормилото на Евертон откако доцна синоќа клубот ја прекина соработка со тренерот Силва.
Мојс во јуни во 2013 година ги напушти „карамелите“ и го наследи легендарниот, Сер Алекс Фергусон, на клупата на Манчестер Јунајтед, но, неговата кариера траеше кратко на „Олд Трафорд“.
Ќе потсетиме дека 56-годишниот фудбалски стратег го водеше тимот од „Гудисон парк“ од 2002 до 2013 година. Додека да се реализира најавениот ангажман на Мојс, екипата на Евертон ќе ја води Данкан Фергусон.

