Дрис Мертенс кој на крајот на сезоната ќе го напушти фудбалскиот состав на Наполи, влегува во радарот на повеќе италијански екипи.
Според последните наводи за услугите на луцидниот играч се заинтересирани: Рома, Јувентус и Интер. Во таа конкуренција како прв фаворит за неговиот потпис се наметнуваат „нероаѕурите“ бидејќи тренерот Антонио Конте и првиот човек на Интер, Џузепе Марота, сакаат да го ангажираат на стадионот – „Џузепе Меаца“.
Мертенс во изминатите шест сезони има одиграно 296 натпревари за Наполи со ефект од 116 голови и 69 асистенции.