Реал Мадрид е заинтересиран да го потпише напаѓачот на лондонски Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.
„Кралскиот клуб“ планира да испрати понуда за Габонецот во зимскиот преоден рок. Во исто време, Реал е подготвен да го вклучи во евентуалниот трансфер напаѓачот Лука Јовиќ, кој минато лето дојде на „Сантијаго Бернабеу“ од Ајнтрахт за 60 милиони евра.
Договорот на Обамејанг со Арсенал е до летото 2021 година.
