Финалето на светското клупско првество нема да се игра на стадионот Education City Stadium во Доха, објави ФИФА.
Новоизградениот стадион Доха, каде требаше да се одигра финалниот меч, сè уште не е лиценциран и нема да може да биде домаќин на натпреварот.
Изградбата на објектот е завршена, но постапката за прием траеше подолго. Отворањето на стадионот е одложено до почетокот на 2020 година. Поради оваа причина, финалето и мечот за третото место ќе се одиграат на стадионот Калифа во Доха.

