Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти се обиде да остане позитивен по нерешните 1:1 против Удинезе. Неговиот тим не можеше да победи на деветтиот по ред натпревар, вклучително и седум во Серија А.
„Второто полувреме беше добро, особено во однос на пристапот и желбата на играчите да го променат текот на играта. Ова е позитивен знак, но точно е дека првото полувреме беше исклучително слабо. Јас се обидувам да бидам позитивен и верувам дека тимот има сила да го надминеме тешкиот момент. Се надевам дека во Лигата на шампионите можеме да постигнеме важна победа и потоа да одиме нагоре“, рече Анчелоти.
„Нема никакви скандали во соблекувалната. Слушнав многу гласини за расправии помеѓу или меѓу играчите и мене, но тоа не е точно. Ние сме физички подготвени. Само што треба да ја вратиме стабилноста во дефанзивата. Не размислувам оставка, затоа што претседателот верува во мене и мојата работа. јас заедно со играчите ќе се обидам да ја смена оваа ситуација “, истакна Анчелоти.

