Фудбалерите на Вардар кои ја обезбедија есенската тутула во ПМФЛ денес од 13 часот на домашен терен го пречекуваат актуелниот шампион Шкендија во обид да ја зголемат својата предност пред главниот ривал за титулата.
Вардар кој оваа година влезе во натпреварите од ПМФЛ со подмладен состав, со многу проблеми од финансиска гледна точка, успеа да ги стави во втор план неколку екипи кои беа главни кандидати за титулата, меѓу нив секако и Шкендија.
Вардар денес ќе има шанса да ја прослави есенската титула заедно со своите навивачи, но посакуваат тоа да биде со победа што ќе значи предност од 11 бодови пред дректниот конкурент.
Оваа средба е во фокусот на интересот денес од 13 часот, а истовремено се играат и останатите три средби, Ренова – Работнички, Шкупи – Македонија ЃП и Струга Трим&Лум против Борец.

