Манчестер Сити нема намера да го врати во своите редови Џејдон Санчо. Англискиот репрезентативец блеска во Борусија Дортмунд и предизвика интерес од водечките екипи на островот. Германците се подготвени да седнат и да преговараат за негов трансфер за околу 100 милиони фунти, но немаат планови да го сторат тоа во јануари.
Jadon Sancho since being subbed early vs. Bayern:
• 5 games [405 minutes]
• 5 goals
• 3 assists
• 1.78 goal contributions per 90Not bad for someone who's apparently not "fully focused." pic.twitter.com/ExjdW5REkG
— ً (@utdrobbo) December 7, 2019
„Граѓаните“ имаат опција да се вклучат во битката за Санчо, за кого добија 8 милиони во 2017 година. Постои клаузула во договорот Сити-Борусија која им овозможува на Британците да бидат фактор во иднината на играчот.
Доколку Борусија Дортмунд прифати понуда за одредена сума, тие се должни да го известа Манчестер Сити, а доколку англискиот шампион даде иста сума, треба да ја прифатат нивната понуда. Гвардиола сепак во моментов не е заинтересиран за такво нешто зато ашто има доволно квалитетни играчи на таа позиција и затоа Санчо не е на списокот на шпанскиот менаџер, објави весникот „Мирор“.
Лидерпул, Манчестер Јунајтед и Челзи покажуваат интерес за Џејдон Санчо.

