Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси постигна три гола на вчерашниот натпревар против Мајорка на домашен терен во меч од 16. коло на Шпанскиот шампион (5:2).
Меси сега има 12 гола на 10 средби во Шпанското првенство во тековната сезона. 32-годишниот Аргентинец стана првиот фудбалер во историјата на најдобрите Топ 5 лиги во Европа кој успеал да постигне најмалку по 10 гола во секоја од последните 14 сезони.
Постигнување на Аргентинецот може да го повтори напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо. Португалската звезда во овој момент има 13 сезони со 10+ голови. Оваа сезона, 34-годишниот фудбалер има постигнато 7 гола и би требало без проблем да дојде до бројката од над 10 постигнати гола во Италија.
Меси пред неколку дена стана првиот фудбалер кој во кариерата има освоено 6 награди „Златна топка“.