Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер, кој е рекордер со дваесет освоени титули на Грен Слем турнирите, откри дека најголемиот идол во детството не му бил тенисер туку кошаркар на Чикаго Булс.
„Мојот идол беше Мајкл Џордан веднаш до Борис Бекер и Стефан Едберг. Сепак, Мајкл беше мојот наголем идол“- рече 38-годишниот Швајцарец, цитиран од Тенис Ворлд.
„Мојот голем сон се исполни кога станав број еден на светов. Треба да тренирате и да работите напорно во текот на целата година. Мојата Гренд слем титула освоена на „Вимблдон“ во 2013 година од неколку прични ќе ми остане најмила“ – искоментира меѓу друготот Федерер.