Напаѓачот на Лестер Сити, Џејми Варди, постигна два гола на вчерашниот натпревар од 16. коло од англиската Премиер лига на гости кај Астон Вила и се доближи до повторување на сопствениот рекорд.
Имено, англискиот напаѓач постигна гол на осум последователни натпревари во Премиер лигата оваа сезона и полека се доближи до сопствениот рекорд од сезоната 2015/16 кога успеа да погоди на 11 последователни натпревари. Тој тогаш го собори рекордот за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Руд Ван Нистелрој.
Само тројца играчи досега успеале да постигнат гол на осум или повеќе последователни натпревари, а меѓу нив покрај Варди и Ван Нистелрој е и Даниел Стариџ.

