Чуварот на голот на Мајорка, Маноло Рејна, дозволи да прими пет гола во својата мрежа против Барселона во саботата, но сепак заслужува добри зборови по овој натпревар.
Тој имаше 14 одбрани на „Камп Ноу“, што е највисоко достигнување од сите голмани во најдобрите Топ 5 Европски првенства (Шпанија, Италија, Германија, Франција и Англија) од почетокот на сезоната. Ветеранот немаше среќа против Лионел Меси, кој постигна хет трик, а секако не можеше да направи ништо и при петата на Луис Суарез и очо во очи против Антоан Гризман, кој излезе сам против него.
Маноло Рејна никогаш не бил во голем клуб, во својата кариера бил на голот на клубови како Малага, Леванте, Атромитос, Гимнастик и многу други.
Од почетокот на сезоната во „Ла Лига“, само последниот на табелата Еспањол има примено повеќе голови од Мајорка.

