Поранешниот тренер на фудбалерите на Ливерпул, Рафа Бенитез, верува дека „црвените“ ќе успеат конечно да се израдуваат на победничкиот пехар во Премиер лигата на Англија. Клубот од „Енфилд Роуд“ нема трофеј од 1990 година.
„Мислам дека одлично им оди во сезонава. Тие тешко губат натпревари во серија. Навистина потрошија многу пари, но, успеаа да ги донесат вистинските играчи што ги бараше менаџерот“ – истакна шпанскиот тренер за – „Скај Спортс“.
Ливерпул по 16 кола во Премиер лигата ја држи првата позиција со 46 бодови пред Лестер со 38 и актуелниот шампион Манчестер Сити кој заостанува големи 14 бодови.
