Крилниот играч на Баерн Минхен, Кингсли Коман доби незгодна повреда за време на натпреварот против Тотенхем (3:1) во Лигата на шампионите. Коман мораше да го напушти теренот принудно кон средината на првото полувреме, а беше заменет со Томас Милер. Претходно, 23-годишниот играч го отвори резултатот во 14 минута во корист на Баварците.
Во 25-та минута, Коман сам се повреди во обид да стигне една топка, се пожали на болка во коленото па мораше да излезе со помош на лекарите, бидејќи беше јасно по голема болка и не можеше да зачекори на левата нога.
Во овој момент, не е јасно колку е сериозен проблемот, но се чини дека повредата е сериозна и Коман ќе мора да одмори подолго време. Ова е уште една повреда за Французинот по неговиот трансфер во Баерн. Во 2018 година тој пропушти 31 натпревар од сезоната поради две одделни повреди на зглобот.