Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо верува дека никој нема да сака да се соочи со Тотенхем во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Лондончаните вчера загубија од Баерн по втор пат и завршија на второто место во групата Б, но Португалецот им даде пауза на некои клучни играчи, меѓу кои и Хари Кејн и Деле Али.
„Мислам дека тимовите кои завршија први во својата група нема да сакаат да го играат со нас. Ние сме еден од најсилните тимови меѓу второпласираните “, рече Мурињо.
Тој додаде дека по интензивниот период околу празниците и времето до крајот на февруари, кога ќе започне елиминациската фаза, тој подобро ќе се запознае со своите играчи и екипата ќе биде поподготвена за овие натпревари.
„Имаме уште два месеци да работиме заедно. Тогаш ќе ги запознаам играчите подобро, тие ќе ме разберат подобро”, објасни Жозе Мурињо.