Раководството на Вест Хем Јунајтед ја разгледува опцијата да го покани Хари Реднап на функцијата главен тренер на тимот, кој во моментов го има Мануел Пелегрини, пренесуваат медиумите на Островот.
Сега Вест Хем е на 16-то место во англиската Премиер лига и е еден бод од зоната за испаѓање. Пелегрини може да ја изгуби работата ако не ја поправи ситуацијата во блиска иднина. Последната работа во тренерската кариера на Реднап беше Бирмингем Сити, кој го предводеше во 2017 година.
72-годишниот Англиски тренер беше и на чело на репрезентацијата на Јордан, Квинс Парк Ренџерс, Тотенхем, Портсмаут, Саутемптон, Вест Хем и Бурнемаут.
На 14 декември, Вест Хем му гостува на Саутемптон во меч од 17-то коло од Премиер лигата кој започнува во 18:30 часот, а доколку не победи Вест Хем , може да се очекува дека Пелегрини ќе добие отказ.