Екипата на Монтереј од Мексико обезбеди место во полу-финалето на Светското клупско фудбалско првенство Катар откако со 3 спрема 2 го совлада домаќинот на турнирот Ал-Сад.
Нареден противник на мексиканците ќе им биде авропскиот шампион Ливерпул кој директно обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи. Таму фигурира и првакот на Јужна Америка, Фламенго.
Бразилците во последниот елиминациски филтер ќе излезат на мегдан со екипата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија која претходно со 1:0 ја совладаа Есперанса од Тунис.

