Фудбалската експедиција на Ливерпул денеска замина на пат за Катар за да учествува на светскиот клупски шампионат.
Тренерот, Јирген Клоп, ќе ги нема на располагање Фабињо, Матип и Дејан Ловрен кој се повреди на мечот против Салцбург во ЛШ. Затоа на списокот е ставен Вајналдум кој успеа да ја санира повредата.
„Црвените“ во полуфиналето од клупското СП ќе играат со мексиканскиот претставник Монтереј кој вчера го елиминираше домаќинот Ал Саад откако го совлада со 3 спрема 2.

