Напаѓачот на Олимпик Лион, Мемфис Депај синоќа на мечот со Рен во француската Лига 1 заработи тешка повреда на лигаментите на коленото, поради што ризикува настап дури и на европското превенство следната година.
На Депај му беше дијагностицирана руптура на предниот вкрстен лигамент на левото колено, а играчот имаше слична повреда и на десното колено. По операцијата која е неопходна, Депај ќе мора да мирува најмалку 6 месеци. Со тоа тој веројатно ќе има минимални шанси да заигра на Еуро 2020.

