Викендов во Скопје се одржа третиот по ред традиционален меѓународен карате турнир „Трофеј на Македонија“, на кој македонските каратисти освоија две златни медали.
Златно одличје за Македонија донесоа Ангела Мојсовска во категоријата до 68 килограми во борби и Пулексенија Јованоска во кати.
Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година, Емил Павлов освои бронза во категоријата до 60 килограми.
На турнирот учествуваа најдобрите каратисти од Македонија, Турција, Албанија, Косово и Бугарија.