Наполи на нашиот Елиф Елмас ќе игра против Барселона во еден од најинтересните дуели во осминафиналето на ЛШ. На денешната ждрепка во Нион, среќата сакаше во оваа фаза да ги вкрсти и Реал (М) и Манчестер Сити. Шпанскиот гигант кој освои три титули во последните 4 изданија на турнирот ќе биде домаќин на првиот дуел со англискиот шампион, додека реваншот ќе се игра на „Етинад“.
Актуелниот европски шампион Ливерпул во осминафиналето ќе се сретне со Атлетико (М).
Првите натпревари од оваа фаза се закажани за 18, 19, 25 и 26 февруари, а реваншите на 10, 11, 17 и 18 март. Сите натпревари ќе започнат во 21:00 часот. Ждрепката за четвртфиналето, полуфиналето и финалето е закажана за 20 март.
Round of 16 draw 🔥
Sum up your reaction with a GIF 📱#UCLdraw pic.twitter.com/fkdBCoX7v6
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) December 16, 2019