Новиот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо воопшто не изгледа загрижен што ќе мора да се соочи со Барселона во 1/8 финалето од Лига на шампиони.
„Ќе се соочиме со одличен тим, но ќе влеземе во игра без никаков страв. Ова е голем предизвик за нас и очекувам два фантастични дуели“, рече Гатузо, за кого тоа ќе биде негово деби како тренер на Наполи во Лигата на шампионите.
Првата средба во Неапол ќе биде на 25 февруари, а реваншот е закажан за 18 март на „Камп Ноу“.