ФИФА поднесе тужби во швајцарските судови за да си наплати 1,56 милиони фунти, пари што нелегално поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер му ги исплатил на поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини.
„ФИФА денес покрена тужби во соодветните швајцарски судови против поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација и поранешниот потпретседател на ФИФА, Мишел Платини, барајќи решение за случајот од два милиони франци кои што нелегално му биле исплатени на господинот Платини во февруари 2011 година“, стои во изјавата на ФИФА.
Според ФИФА, „подарокот“ бил дефиниран како „нелегална исплата“, повикувајќи се на одлуката на Швајцарскиот Врховен суд.
