Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска ги доби противниците во групата Ц од „златната лига“.
Македонија премиерно ќе настапи во групата со Турција, Португалија и Чешка. Нашите одбојкари воопшто нема да имаат лесна задача бидејќи само победниците на трите групи и најдобриот втор тим ќе обезбедат пласман на фајнл-форот.
Другите две групи се исто така максимално атрактивни. Во групата „А“ ќе играат Белгија, Словачка, Шпанија и Романија, додека во групата „Б“ силите ќе ги одмерат: Украина, Холандија, Белорусија и Естонија. Првите натпревари во Златната лига ќе бидат одиграни догодина во месец мај.