Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Диого Далот, неколку денови тренира со полна пареа и може да биде дел од претстојното четврт-финале во Лига Купот против Колчестер Јунајтед.
Португалскиот интернационалец кој во тековнава сезона се измачува со серија на повреди, одигра само три меча за „црвените ѓаволи“.
Тој последен пат се појави на теренот на 6 октомври на дуелот со Њукасл одигран во рамките на Премиер лигата.

