Поголем дел од фудбалерите на Арсенал не се согласуваат Микел Артета да го преземе кормилото на „топчиите“ кои по заминувањето на Унаи Емери, работат под диригентската палка на Фреди Љунберг.
Нивната реакција доаѓа откако медиумите во Англија објавија дека сегашниот помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити може да биде ангажиран на тренерското местов „Мирор“ тврди дека неколку играчи јасно изјавиле дека немаат желба да ги води Артета.
Според наведеното во текстот, тие бараат искусен специјалист да го замени Љунберг кој времено ја врши должноста на тренер. Арсенал се наоѓа на 10-то место во Премиер лигата со заостанување од седум бодови зад екипите во Топ 4.

