Францускиот фудбалер, Жан Клер Тодибо , се согласил да ја напушти Барселона и да се пресели во италијанскиот гигант Милан.
Според медиумите на „Чизмата“, црномурестиот играч кој годинава во јануари потпиша за Каталонците, но, не ја доби вистинската шанса, сега ќе настапува за тимот од „Сан Сиро“. На Апенините тврдат дека Милан ги договорил личните услови со фудбалерот и дека треба челниците на двата тима да се договорат околу обештетувањето што треба да го добијат Шпанците.
Се проценува дека трансферната вредност на Жан Клер Тодибо е од 20 до 25 милиони евра, но, не е исклучена можноста тој да биде ангажиран како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

