Марио Гетце по се изгледа го заврши својот престој во Борусија (Д). Според последните информации од Германија, фудбалерот кој не игра голема улога во составот на „милионерите“ се подготвува за трансфер во екипата на Херта.
Неговиот договор со Дортмунд истекува во јуни, а тој уште оваа зима би можел да се пресели во Берлин. Багодарение на договорот со инвеститорот, клубот од главниот град ги има потребните ресурси за да направи поголеми трансфери. Од Херта веќе почнале разговори со Марио Гетце, па во првите денови до 2020-тата би можело да се очекува потврда на соработката.
