Лерој Сане нема намера да остане во Манчестер Сити ниту ден по Нова година и според сите информации од Германија, тој во јануари ќе стане нов фудбалер на Баерн (М). Фудбалерот отворено им кажал на раководните луѓе на „Етихад“ дека сака трансфер.
Постои опција во која германскиот крилен играч може да го напушти клубот веќе во претстојниот зимски трансфер прозорец. Но раководството на Баварците мора да одлучи дали има смисла да го донес еуште сега, затоа што тој е повреден и до февруари ќе биде надвор од тренажен процес.
Сегашниот договор на 23-годишниот фудбалер со Манчестер Сити важи до 2021 година.

