Првите луѓе на фудбалскиот состав Манчестер Сити ќе направат се што можат за да го вратат во татковината младиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, кој прикажува блескави партии од почетокот на сезоната.
Доколку тоа навистина се случи, тогаш „граѓаните“ ќе ја поправат грешката што ја направија претходно кога му дозволија на Санчо да си замине од „Етихад“ и да потпише за „милионерите“ од Германија.
Медиумите во Англија наведуваат дека тренерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола, ќе одвои околу 90 мил. фунти за да го покрие целото обештетување за младиот напаѓач.

