Шпанскиот фудбалски тренер, Микел Артета, ќе седне на клупата на Арсенал, најавуваат медиумите во Англија.
Досегашниот помошник на Гвардиола во Манчестер Сити се согласил да ја прифати понудата на „топчиите“ и да се преселели на „Емирати“. Тој ќе потпише договор за 3, 5 години и ќе заработува по 5 милиони евра на сезона.
Артета иако има искуство од тренерската клупа, прв пат ќе ја има улогата како шеф на стручниот штаб. Негови помошници ќе бидат Родолфо Борел кој исто така ќе го напушти тимот на „граѓаните“ како и Доминик Торент кој има работено во екипите на Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити.
