Управниот одбор на ФФМ донесе одлука натпреварот Македонија – Косово од полуфиналето во Лига на нации да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на 26 март.
Управниот одбор на ФФМ ги усвои извештаите за работа на младинските национални тимови, почнувајќи од репрезентацијата до 15 години до македонската репрезентација до 21 година.
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за исплата на премија од 50.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата за настапот на македонската А селекција во квалификациите за Европското првенство 2020 година.

