Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ќе стане играч со најмноги одиграни натпревраи во „Ел Класико“ ако е вечерва излезе на теренот против Барселона, покажува статистиката.
Централниот дефанзивец ќе го одигра натпреварот број 43, и со тоа ќе ги надмине Чави Ернандез, Мануел Санчис и Пако Хенто. Пред само неколку месеци, дефанзивецот на реал Мадрид го сруши рекордот на Икер Касиас за натпревари со дресот на репрезентацијата на Шпанија.
Првиот натпревар во „Ел Класико“ Рамос го одигра во ноември 2005 година – кога на „Сантијаго Бернабеу“ се појави на теренот против Барселона. Во статистиката на Серхио Рамос има 13 победи и 20 порази во големата битка во Шпанија.
Дефанзивецот има постигнато и четири гола во „Ел Класико“, 18 жолти и пет црвени картони. Лионел Меси е со еден натпревар помалку – 41 одигран натпревар, победувајќи на 19, а загубил на 12 од нив.

