Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше задоволен од неговиот тим, кој одигра нерешено против Барселона во првото сезонско „Ел Класико“. Французинот е на мислење дека неговиот тим изгледал подобро на теренот и можел да победи.
„Заслуживме повеќе, но натпреварот заврши и ништо не може да се промени. Не е лесно да се игра на „Камп Ноу“. Благодарам на фудбалерите. Не постигнавме гол, но создадовме неколку шанси. Треба да работиме на прекинување на нападите“, коментираше Зидан.
„Бевме фокусирани на сите 90 минути. Мислам дека беше добар натпревар, недостасуваше само гол“, додаде Зидан. Французинот стана првиот тренер на Реал Мадрид кој нема пораз на „Камп Ноу“ во пет последователни натпревари во „Ел Класико“ – две победи и три нерешени.