Тренерот на Монако, Леонардо Жардим може да биде разрешен од тренерското место, доколку не постигне позитивен резултат на натпреварот од 19-то коло од францускиот шампионат против Лил.
Оваа информација денес ја објавија медиумите во Франција. Пред некој ден во натпреварот од 1/8 финалето на Лига Купот на Франција, Монако на домашен терен загуби од Лил со резултат 0:3 и испадна од ова натпреварување. Некои навивачи на овој клуб скандираа до тренерот за да си оди од клубот. По натпреварот, Леонардо Жардим изјави дека и тој, како навивачите, чека за подобрување на играта на неговите фудбалери и ќе се обиде да стори сé што е можно за тоа.
Во шампионатот на Франција, Монако кој има освоено 25 поени на 17 натпревари, го зазема 9-то место на табелата. Следниот натпревар во сабота од 20.45 часот против Лил на домашен терен може да биде клучен за неговата судбина на клупата на Монако.

