Фудбалската репрезентација на Македонија на најново објавената ранг-листа на ФИФА останува на 68-то место, што значи дека оваа календарска година ја завршуваме токму на оваа позиција.
Бидејќи немаше многу репрезентативни натпревари, немаше и многу поместувања во однос и на другите селекции.

Нашиот иден противник во полуфиналето од Лигата на Нации, Косово во моментов е на 115 позиција на оваа ранг-листа.
Исто така на врвот нема никаква промена, годината како прва за јазвршува Белгија пред Франција, Бразил, Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија која ја затвара првата десетка.

