Првите луѓе на Милан ја разгледуваат можноста да ја прекинат соработката со Анте Ребиќ кој настапува како позајмен фудбалер од Ајнтахт Франкфурт за да пренасочат дел од парите за купување на Златан Ибрахимовиќ.
Хрватскиот репрезентативец во изминатото лето беше ангажиран на позајмица за две сезони со опција да му се откупи договорот за 25 милиони евра. Сега медиумите шпекулираат дека „росонерите“ во јануари ќе ја прекинат соработката со Ребиќ и поголем дел од парите ќе ги искористат за евентуален ангажман на популарниот Ибра-кадабра кој последен пат настапуваше во МЛС лигата во САД.
Ребиќ најверојатно ќе се врати во Ајнтрахт откако за италијанците одигра само 177 минути во Серија А. Тој претходно настапуваше за Фиорентина и Верона.