Арсенал треба да му плати на Манчестер Сити два милиона фунти за ангажманот на Микел Артета. Шпанскиот фудбалски тренер кој му е асистент на Пеп Гвардиола на „Етихад“, треба да седне на тренерското столче кај „топчиите“.
Назначувањето на Артета е се поизвесно откако Арсенал ја одложи денешната закажана прес-конференција на привремениот менаџер, Фреди Љунгберг, со надеж дека утре пред новинарите ќе се појави новиот тренер. Англиските медиуми пишуваат дека Швеѓанецот може да остане во стручниот штаб и да биде еден од помошниците.
Артета ќе добие договор за 3,5 години. Луѓето од Арсенал се надеваат дека новиот тренер ќе го предводи тимот на саботниот меч со Евертон.
