Голманот на фудбалскиот состав Јувентус, Џанлуиџи Буфон, кој на мечот со Сампдорија го изедначи рекордот на Паоло Малдини од 647 натпревари во Серија А, верува дека уште може да покаже на теренот. 41-годишниот чувар на мрежата не размислува за пензионирање.
„Знам дека сè уште можам да имам многу убави емоции со соиграчите. Има уште многу моменти што можам да ги доживеам. Повлекување? Искрено, тоа е многу далеку“ – вели Буфон.
„Пред две години, одлучив да се повлечам, но, тогаш животот ми даде други прекрасни можности. Судејќи според мојата физичка подготвеност, ќе си направам проблем ако се откажам. Имам големи одговорности во клубот иако не играм премногу“ рече Буфон
