Откако името на Пеп Гвардиола се поврза со тренерската позиција во ПСЖ, медиумите во Англија прогнозираат дека тренерот на Манчестер Сити може да ја промени средината доколку не ги добие потребните средства за купување на квалитетни засилувања.
Шпанскиот стратег иако има договор со „граѓаните“ до летото во 2021 година, може да си замине и една година претходно бидејќи тоа му го дозволува клаузулата која е вметната во неговиот договор. Според медиумите во Англија, Гвардиола побарал да купи централен дефанзивец, лев бек и врвен голгетер.
Доколку за таа цел добие пари од челниците на „граѓаните“, тогаш најверојатно ќе остане на „Етихад“, во спротивно, има големи шанси да си замине од англискиот тим.