Младата фудбалска ѕвезда на Салцбург, Ерлинг Браут Халанд, е забележан како патува во Манчестер заедно со неговиот татко.
Се верува дека двајцата одат за да ги финализираат преговорите за негов трансфер на „Олд Трафорд“ откакоу Манчестер Јунајтед ќе ја плати откупната клаузула која изнесува околу 30 милиони евра. Норвешкиот весник – „Ставенгер Афтенблад“, пишува , дека фудбалерот кој има фантастична сезона во дресот на австрискиот тим, сака да работи под диригентската палка на неговиот сонардоник, Оле Гунар Солскјер.
Двајцата претходно имаа зеднички денови поминати во норвешкиот тим Молде. Се верува дека преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и дека Халанд ќе биде ново засилување за Манчестер јунајтед.