Фиорентина го отпушти Винченцо Монтела, По синоќешниот пораз од 4-1 на домашен пораз од Рома, управата на клубот утрово реши да му го врачи отказот на некогашниот италијански репрезентативец. Засега не се знае кој ќе биде негов наследник, а од клубот најавија дека ќе почекаат пред да одлучат.
Одлуката беше неизбежна, бидејќи Монтела загуби 13 од вкупно 24-те натпревари во Серија А откако с еврати на кормилото на клубот.
„Фиорентина објавува дека Винченцо Монтела е ослободен од должностите како главен тренер на првиот тим“, се вели во соопштението испратено денеска од клубот.