Уругвајски Пењарол го назначи Диего Форлан за нов тренер, потврди уругвајскиот клуб. Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед го заменува Диего Лопез, чиј договор истекува на крајот на декември 2019 година.
Форлан (40) на прес-конференција изјави дека неговиот брат, Пабло, ќе биде еден од неговите помошници во тренерскиот штаб.
“Мојата прва работа како тренер ќе биде да севрати на врвот овој клуб со огромни традиции. Секој сонува да работи на толку високо ниво. Не станува збор само за играта, туку станува збор за уживање, анализи и различни перспективи”, изјави Форлан за медиумите.
