Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Пол Погба може изненадувачки да се врати во составот на својата екипа на денешното гостување на „црвените ѓаволи“ кај Ватфорд од 15 часот.
Францускиот играч од средниот ред нема играно од септември кога заработи повреда на сглобот. Менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјер, се осврна на темата на скоро последната прес-конференција и изрази големи надежи за неговиот кам-бек, што не се случи досега.
Последните информации од Англија велат дека Пол Погба отпатувас со екипата на денешното гостување кај Ватфорд, но прашање е дали ќе биде во составот на екипата за оваа средба.

