Африканската фудбалска конфедерација (CAF) го објави список на кандидатите за награда за најдобар играч во Африка.
Тројцата кои беа номинирани се напаѓачот на Ливерпул и репрезентацијата на Египет Мохамед Салах , играчот од средниот ред на Манчестер Сити и репрезентацијата на Алжир, Ријад Марез, и напаѓачот на Ливерпул и репрезентацијата на Сенегал, Садио Мане.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 7 јануари 2020 година во Египет. Да потсетиме дека последните две години наградата ја добиваше Мохамед Салах.
Во сезоната 2018/19, Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, победувајќи го Тотенхем во финалето со резултат 2:0. Автор на првиот гол за Ливерпул беше Салах. Манчестер Сити, пак, стана шампион на Англија, а исто така го освои ФА Купот и Лига Купот на Англија.

