Кристијано Роналдо го загуби првото Куп финале по повеќе од седум години, откако Јувентус вчера капитулираше пред Лацио во завршниот меч од Суперкупот. Ова беше прв пораз на ваков меч за Португалецот од 2013 година.
Суперѕвездата на Јувентус веднаш го извади сребрениот медал од вратот и се врати директно во соблекувалната, не чекајќи да го види Лацио како го крева прхарот.
Последен пат кога Роналдо загуби од финале беше на 17 мај 2013 година, кога Реал Мадрид во дополнителното време беше совладан со 2:1 од локалниот ривал Атлетико Мадрид.

